Вести Македонија

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патот Струмица – граничен премин Ново Село

Поради појава на магла намалена видливост  до 50 метри има на патниот правец Струмица – Г.П. Ново Село, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не стивнуваат страстите во соседна Грција по инаугурацијата на Силјановска Давкова, Мицотакис со порака до Мицкоски

Дејан Дејан

Николоски МВР, Муцунски МНР, Кочовска финансии? Дали тројца потпретседатели од ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за министри?

Дејан Дејан

Екстрадиран Бесим Красниќи од Косово во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе