Вести Македонија

Изборот на седмиот член на ДИК можеби ќе чека по Нова Година

Седмиот член на ДИК веројатно ќе се бира по Нова Година. Во наредните две недели, неизвесно е дали Комисијата за избори и именувања ќе стигне да испрати извештај до спикерот Талат Џафери, по што тој ќе има три дена за консултации со партиите и за ставање на точката на дневен ред.

Премиерот Ковачевски ги повика пратениците да си ја завршат оваа обврска и да не прават импровизации кои може да стават дамка на изборниот процес.

И ДУИ апелира изборот на член на ДИК да не се претвори од техничко во дневно-политичко прашање. Синоќа на ТВ 21, потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми повика на дијалог, „без разлика кое ќе биде името што ќе го предложи опозицијата“. И покрај тоа, Европскиот сојуз за промени се сомнева дека  власта ќе одолговлекува и ќе изнаоѓа креативни решенија за да ја остави ДИК со шест члена. Ја посочува вчерашната седница на Комисијата за избори и именувања, кога беше оспорено правото на Абдуш Демири да се кандидира и не е земено предвид дека тој повеќе не е член на партиските органи.

ДИК треба да има седум члена. Четворица се бираат по предлог од владеачките партии, а тројца од опозициските. Во моментот, има тројца предложени од СДСМ, двајца од ВМРО ДПМНЕ, 1 од ДУИ и 1 празно столче. Го испразни Кренар Лога кога стана министер. Алијанса настојува да го задржи, а Европскиот сојуз го бара како втора опозициска партија во овој момент.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не стивнуваат страстите во соседна Грција по инаугурацијата на Силјановска Давкова, Мицотакис со порака до Мицкоски

Дејан Дејан

Николоски МВР, Муцунски МНР, Кочовска финансии? Дали тројца потпретседатели од ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за министри?

Дејан Дејан

Екстрадиран Бесим Красниќи од Косово во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе