Вести Македонија Топ вести

Државниот завод за статистика со црно сценарио за наредните 50 години – од земјава годишно се иселуваат 12.000 луѓе

Иселувањето е клучно за демографската иднина, а резултатите од пресметките веќе срочени во документ. Државниот завод за статистика изготви проекции за населението на Македонија до 2070 година. На денешниот брифинг, од ДЗС велат: целта на проекциите е надлежните да ги отворат очите и да се носат стратегии базирани на податоци.

„Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба доколку не се интервенира со соодветни решенија.“, велат до ДЗС. 

Како еден од клучните показатели е просечната бројка од околу 12 илјади лица кои мигрираат на годишно ниво. Македонија ќе треба да увезува работна сила, а најдоброто сценарио за демографската иднина е за деценија отсега да се интегрираме во Европската унија. Социологот Илија Ацески анализира – не е проблем само надворешната миграција туку и внатрешната. Испразнети села и помали градови, на сметка на главниот град.

„Македонија е подрачје кое не сега туку стотина години наназад е подрачје на иселување, но сега тоа е драматично. И тоа сѐ повеќе и повеќе ќе се одразува на еден нормален развој на државата. Тука е проблемот. Државата мора да најде начин особено на помалите места и градови да успее да задржи дел од таа квалификувана работна сила, особено младите да останат тука каде што живеат, да развиваат бизниси, да работат.“,  изјави проф. Д-р Илија Ацески – Социолог. 

По 1998 година, ова е вторпат како Статистика прави вакви проекции. Бројките од проекциите официјално ќе бидат презентирани утре. Овие пресметки се прават по Пописот од 2021 година – пребројување кое се изврши по две децении.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот на матичен гинеколог и редовните прегледи се клучни за женското здравје

Дејан Дејан

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе