Вести Македонија

Од асистент во доцент – Форумот за образовни промени обвинува за незаконско академско унапредување на професор

Незаконско е академското унапредување на професорот Агрон Алили кој од  асистент преминал во доцент, обвинуваат од Форумот за образовни промени. Тие велат дека професорот од Природно-математички факултет при Тетовскиот универзитет прво добил унапредување, а потоа станал донатор на ДУИ со три илјади евра. За разјаснување на случајот студентите поднеле и претставка до Државниот просветен инспекторат.

„Од Државниот просветен инспекторат беше потврдено дека тој незаконски e унапреден во звање доцент, со минимален просек од 6.7 и немање на звање од соодветна научна област. Едно звање, поточно звањето доцент во нашата држава чини околу три илјади евра и за тоа не треба да се чудиме за квалитетот во образованието во нашата држава“, вели  Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вели дека МОН не одлучува во процесот за одобрување на повисоко или пониско звање за било кој кадар на универзитетите. Само ги повика сите надлежни да го поништат ова и сите други унапредувања доколку се незаконски.

„Јас еве службено официјално го повикувам просветниот инспекторат и Комисиите, но ако има надлежност и МОН и секторот за високо образование веднаш да ги преземат сите мерки за да ги поништи сите звања кои не се почитувани со законот за високо образование“, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Студентите од невладината организација сметаат дека со вакви незаконски одлуки се зголемува корупцијата во високото образование, а се намалува квалитетот.

На страната на тетовскиот универзитет кај делот за вработени најчесто може да се забележат две презимиња-Амети и Беадини. Се уште ниту една институција не истражувала дали тие се семејно поврзани и дали има незаконитости при нивното вработување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на советот на европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе