Вести Македонија

Костадиновска Стојчевска очекува најстроги казни за уништувањето на културното наследство

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во вечерашната Топ Тема на Телма изјави дека очекува најстроги казни за уништување на културното наследство, откако денеска беа приведени девет лица поради рушењето на „Хотел Шар Ан“ во старата скопска чаршија.

Во оној момент кога влегоа багерите, морам да признаам, тогаш беше алармирано прв пат, ние не знаевме за постапката која што се водела, таму веќе некој издал дозвола за реконструкција и за рушење. Во истиот момент ние реагиравме и таму задно со Државен градежен инспекторат се запре уривањето, меѓутоа штетата беше направена, и оттогаш морам да признаам, чекавме истрагата да заврши, рече министерката.

Покрај деветмината уапсени полициајта трага по уште две лица кои се во бегство. Единаесетмината се товарат за злосторничко здружување, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство а петмина државни службеници се товарат и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јас се надевам дека ова ќе се расветли, сите што се одговорни, без разлика која функција ја носат, ќе одговараат пред законот, бидејќи културното наследство е уставно пропишана категорија, што значи дека е над сите други закони кои што владеат во заштитата на културното наследство, и ќе бидат најостро санцкионирани, бидејќи ова не можеме и не смееме да си го дозволиме, порача Костадиновска Стојчевска.

Дека ова не е изолиран случај, министерката го посочи и примерот со скопскиот аквадукт, каде покрај тоа што неговата околина е претворена во депонија, било констатирано и дека делови од него биле уништени за градежен материјал. Министерката најави дека во наредниот буџет веќе се предвидени средства за експропријација на приватниот имот околу аквадуктот.

За скопскиот аквадукт, исто така скопскиот градски конзерваторски центар многу долго време работи на негова конзервација, реставрација и реконструкција, со тоа што од наредната година во буџетот веќе предвидовме пари да се започне експропријацијата на оние околни места околу аквадуктот, кои што се приватни, за да можеме и понатаму да го доистражиме. Аквадуктот е единствена таква градба на овие простори и имаме должност да го заштитиме, рече министерката.

Костадиновска Стојчевска констатираше дека за уништувањето на културното наследство е виновен човечкиот фактор.

Очигледно е дека станува проблем со човечки фактор, одлучил дека кај акавадуктот треба да го одлага својот отпад. Што значи дека за уништувањето на културното наследство, за жал, најпрво сме виновни самите, дали е тоа со материјална позадина или од невнимание, и јас не само како министерка за култура и како човек и граѓанин на оваа држава апелирам да се внимава многу повеќе за тоа како ќе се однесуваме кон културното наследство. Овој случај од денес е навистина страшен и навистина е незамислив за некој којшто имал можност да се грижи за културното наследство и доколку се докаже дека тие се виновни, повторно ќе кажам, очекувам највисоки казни за уништување на културното наследство, изјави министерката за култура.

Уапсени државни службеници за рушење на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе