Вести Македонија Топ вести

Уапсени државни службеници за рушење на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија

Им се допаднала локацијата во Старата Скопска чаршија и одлучиле да си ја присвојат, а објектот на локацијата кој бил културно наследство и заштитен со закон, со механизација, сред бел ден го рушат со месеци за да отворат простор за свој бизнис.

Станува збор за „Хотел Шар Ан “ кој повеќе не постои, а од утрово полицијата ги лови и приведува единаесетмината осомничени за неговото уништување. Деветмина од нив се најдени и приведени а двајца се во бегство. Извршени се претреси на повеќе локации и според полицијата собрани се голем број на докази.

Единаесетмината се товарат за злосторничко здружување, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство а петмина државни службеници се товарат и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според официјалните информации од истрагата првоосомничен е претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор Мухамед Љамалари кој ја формирал и организирал криминалната група.

Тој, иако знаел дека Хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба, не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување, се вели во соопштението на јавното обвинителство.

Во октомври почнува уривањето. Багери влегуваат на локацијата и сред бел ден, дел по дел, го снемува автентичниот објект Хотел „Шар Ан“.

На сцена стапуваат останатите државни службеници чија службена должност е заштита на културното наследство. Иако мораат, намерно не превземаат ништо.

Откако објектот не постои, второосомничениот до Катастарот поднесува барање за купување на парцелата, и со геодетскиот елаборат, кој го прави сопругата на осомничениот Африм Усеини,  поранешен заменик директор на Агенцијата за катастар, се прави измена во парцелата која сега станува градежно неизградено земјиште.

Штетата според Обвинителството и МВР е проценета на 180 милиони денари а деветмината приведени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе