Вести Свет Топ вести

Грција депортира 13 навивачи на Динамо З., во истражен затвор остануваат уште 70-тина

Триесет навивачи на Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина.

Грчкиот истражен судија ја образложи одлуката со „непостоење на докази дека тие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени.

Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди.

Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор.

Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе