Вести Свет

Германија парализирана од снег и мраз, железничкиот и авиосообраќајот во застој

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и студеното врме ги парализираа воздушните и железничките врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, некои од нив во возови запрени поради лошото време, пренесува ДПА.

И другите делови од земјата се зафатени од снег и мраз, а дополнително влошување на временските условите се очекува во сабота навечер.

Поради снегот во застој е авиосообраќајот на аеродромот во Минхен. До денеска изутрина беа откажани 320 од 760 закажани летови. На патниците им е препорачано да го проверат статусот на нивниот лет пред да пристигнат на аеродромот.

Лоштото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција.

Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите.

Германската железница им препорача на патниците денеска да ги одложат патувањата до и од Минхен.

Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот.

Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета.

Поради невремето, одложен е фудбалскиот натпревар од Бундеслигата меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин.

Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени.

Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата.

Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден.

На северот од земјата, Хамбург објави свеж снег од неклку антиметри, а се очекуваат обилни снежни врнежи на бреговите на Северното и Балтичкото Море, како и во внатрешноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе