Вести Свет Топ вести

Хамас се согласи да продолжи примирјето уште еден ден

Хамас утрово објави дека се согласиле да го продолжат примирјето со Израел. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека прекинот на огнот во Газа ќе продолжи денеска, по неодамнешниот прием на список од 10 жени и деца заложници кои се подготвени да бидат ослободени од Газа и кои ги почитуваат договорените правила за прекин на огнот. Примирјето требаше да истече во 06:00 часот по средноевропско време, а започна минатиот петок.

Хамас, кој вчера ослободи 16 заложници во замена за ослободување на 30 Палестинци од израелските затвори, во соопштението наведе дека примирјето ќе продолжи седми ден. Претходно, милитантната група која владее со Појасот Газа објави дека Израел одбил да прифати седум жени и деца кои ги држи Хамас како заложници, како и телата на уште три за кои палестинските милитанти тврдат дека биле убиени за време на израелското бомбардирање на енклавата, во замена за натамошно продолжување на примирјето.

Во меѓувреме, три лица загинаа, а осум се ранети во терористички напад во Ерусалим. Според израелската полиција  двајцата напаѓачи во Ерусалим се членови на Хамас и дека биле жители на источен Ерусалим.

„Ова се очигледно оперативци на Хамас, кои овде зборуваат со два гласа, еден глас на таканаречен прекин на огнот и втор глас на терор“, изјави Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир , кој им се обраќаше на новинарите на местото на нападот.

Тој додаде дека нападот ја покажува важноста од дистрибуција на оружје на цивилите во Израел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе