Вести Свет

Хамас е подготвен за продолжување на примирјето за уште четири дена

Хамас е подготвен за продолжување на примирјето во Газа за дополнителни четири дена, изјави извор близок со палестинската милитантна група за Агенцијата Франс Прес.Тој додава оти движењето е подготвено да ослободување на израелски лица кои се заложници на други групи на отпорот во енклавата во рамки на постоечкиот договор за прекин на огнот.

Поддршка за продолжување на паузата за борбени дејства изразија министрите за надворешни работи на земјите членки на групата Г7, како и Европската Унија.

Вкупниот број на заложници кои досега ги ослободи Хамас е 81, додека Израел пушти на слобода 180 Палестинци од затворите. Според условите во договорот, прекинот на огнот може да се продолжи за повеќе денови, до вкупно 10, ако секој ден Хамас ослободува по најмалку 10 заложници, при што Израел би пуштал повеќе затвореници според договорот „три за еден“.

Продолженото примирје за размена на израелски заложници за палестински затвореници истекува утро изутрина.

Израелските одбранбени сили, пак, утрово со ново предупредување до сите Палестинци да не се движат кон северниот дел на Газа и покрај примирјето, со образложение дека тој дел го сметаат за воена зона. Израелската страна притоа наггласи оти е забрането приближување до границата на помалку од еден и пол километар, како и влегување во море.

Палестински медиуми објавија дека во текот на ноќта дошло до судир меѓу палестински вооружени напаѓачи и израелски единици во градот Џенин на северот на Западниот брег. Во тек е израелска рација, а медиумски извештаи се однесуваат и на едно повредено момче по употребата на куршуми за предупредување, шок бомби и солзавец.

 

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

ЕУ ги додаде на „црната листа“ Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета

Дејан Дејан

ОН предупредуваат дека граѓанската војна во Судан е пред ескалација по една година судири

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе