Вести Македонија Топ вести

Скопјани наскоро нема да добијат брз автобуски превоз- ВМРО – ДПМНЕ и Левица гласаа против

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град гласаа против проектот за Скопје да добие автобуско метро.

Откако две години проектот БРТ беше отфрлен од страна на градоначалничката Данела Арсовска, сега тој не доби ниту „зелено светло“ од советниците во градот.

Тоа значи дека скопјани наскоро нема да добијат брз автобуски превоз.

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. Само 19 советници гласаа „за“.

Советнциите на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата рекоа дека не знаат зошто се продолжува овој проект кога тој не беше дел од програмата на Арсовска „За модерно Скопје“.

Брз автобуски превоз и нов транспортен систем – Град Скопје објави дека меѓународните партнери дале зелено светло за проектот

Во образложението на предлог-одлуката се вели дека на Скопје му е потребно воспоставување урбан концепт за организација на јавниот превоз на патници со надградување на сегашниот систем на јавен превоз.

Собранието уште во 2021 година го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договор за заем за финансирање на проектот. Според овој Закон, државата склучи Договор за заем со ЕБОР и Проектен договор со Град Скопје. ЕБОР одобри заем од 70 милиони евра за реализација на проектот, пари кои две години „лежат“ неискористени и се чека да започне реализацијата на проектот за БРТ.

Телма дознава дека приватните превозници сè уште немаат добиено пари од ЈСП

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе