Вести Свет Топ вести

Емотивни прегратки и солзи радосници – израелски заложници и палестински затвореници повторно со семејствата

Прегратки, солзи радосници, психолошко ослободување и душевен мир. На радоста и немаше крај во семејствата чии блиски беа во заложништво на Хамас од 7 октомври. Така беше и со деветгодишниот Охад Мундер кој трчаше низ ходникот во детскиот медицински центар Шнајдер во Петах Тиква и се фрли во прегратка на својот татко. Во заложништво падна заедно со мајка му и баба му за време на празнична прослава во еден од израелските кибуси на југот на земјата.

Официјални медицински лица изјавија дека сите заложници се вратени во добра здравствена состојба. Но, ја нагласија потребата да останат под лекарски надзор пред да бидат испратени дома.

И семејства на Западниот брег, накратко, беа исполнети со експлозија од воздишки, радост и емоции. Фатима Амарнех повторно е меѓу своите. Таа беше уапсена од израелската полиција на почетокот на годината поради наводен обид за напад со нож врз полицаец во Стариот град на Ерусалим.

Враќање дома на Фатима е утеха за нејзиниот татко за кого нема премногу причини за претерана среќа. Неговата радост е половична, поради страдањата на цивилите во Газа во изминатиот период, меѓу кои и на негови блиски.

Израел и Хамас вчера ја почнаа првата фаза од размената заложници за затвореници, како дел од петдневното примирје што беше постигнато со посредство на Катар и Египет. Палестинската милитантна група ослободи 13 луѓе кои ги зема како заложници по нападот на 7 октомври, а Израел за возврат пушти на слобода 39 Палестинци кои издржуваа казни во израелските затвори. Надвор од договорот меѓу Израел и Хамас, вчера од Газа беа ослободени и 11 државјани на Талјанд и еден Филипинец.

За денеска е најавено ослободување на нови групи заложници и затвореници. Хамас најави дека ќе пушти 14 израелски заложници во замена за 42 Палестинци. Примирјето кое стапи на сила вчера утро, според медиумските извештаи од терен, се почитува од двете страни, а покрај размената на луѓе меѓу двете страни, во Газа влегуваат и зголемен број на камиони со хуманитарна и медицинска помош, но, и храна, вода и гориво.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе