Американскиот претседател Џо Бајден повтори дека решението за две држави на израелскиот и палестинскиот народ сега е „најпотребно од било кога“. Пораката ја испрати во вториот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас и подготовката на двете страни за размена на нова група на заложници за затвореници.
„Додека гледаме кон иднината, мораме да го затвориме кругот на насилство на Блискиот исток. Мора да ја обновиме нашата одлучност да го следиме решението за две држави, каде Израелците и Палестинците би можеле еден ден да живеат едни покрај други во дводржавно решение со еднаква мера на слобода и достоинство. Две држави за два народа. Тоа е решение сега е најпотребно од било кога“, изјави Бајден.