Вести Свет Топ вести

Прекинот на огнот во Појасот Газа се очекуваше да започне во четврток- Израел продолжува со офанзивата

Израел соопшти дека продолжува со офанзивата во Газа, бидејќи четиридневниот прекин на огнот беше одложен. Паузата на борбите се очекуваше да започне во четврток, а извор од израелската влада вели дека веруваат дека договорот со Хамас ќе биде реализиран во петок.

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови.

Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема да се случи пред петок наутро поради очигледни логистички доцнења.

Висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека одлуката за одложување на спроведувањето на договорот за заложници за еден ден, до петок, ја донел Израел заедно со Катар и Египет и оти САД се во тек со развојот на ситуацијата.

Според него, потребно е повеќе време за да се финализираат деталите и да се „минимизираат работите што би можеле да тргнат наопаку“.

Главниот преговарач на Катар во разговорите, Мохамед ал-Хулаифи, во интервју за Си-Ен-Ен рече дека „работа не е завршена. Ние ќе продолжиме да разговараме повеќе со страните за деескалацијата да трае подолг период“.

Во првата фаза од паузата Хамас ќе ослободи 50 заложници од Газа, а Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Лорд Камерон пристигна во Израел – го посети кибуцот Беери, кој беше нападнат од милитантите на Хамас на 7 -ми октомври.

Израел почна да ја напаѓа Газа по нападите на Хамас минатиот месец, во кои загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека повеќе од 14.000 луѓе се убиени во контранападот на Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе