Вести Свет Топ вести

Холандија врти во десно, популистот Вилдерс победи на избори – се менува европскиот политички пејзаж

Холандија, политички, врти во десно. Партијата на слободата на популистот Герт Вилдерс победи на општите избори во земјата и според првичните проекции ќе освои 37 места во парламентот или двојно повеќе од левичарскиот сојуз. Резултатите од гласањето во голема мера ја затресоа холандската политика, но и Европа, бидејќи Холандија е една од земјите основачи на Европската Унија.

Вилдерс го нарекуваат холандскиот Трамп и популист, важи за антиисламист, но за да формира влада и да го одржи ветувањето дека ќе биде премиер на сите, ќе треба да убеди и други партии да се придружат на неговата коалиција.

Вилдерс во постоизборниот период ќе се обиде да обезбеди 76 мандати, што си го постави како цел, во 150 член парламент на Холандија. Но, и самиот е свесен дека ќе биде тешко. Три големи партии пред гласањето веќе отфрлија можност за учество во Влада на чело со 60-годишниот лидер на Партијата на слободата и најавија оти ќе останат да ја бранат холандската демократија и владеење на правото.

Изборната програма на Вилдерс вклучуваше и најава за можен референдум во Холандија за излез од Европската унија, иако и самиот призна дека нема национално расположение затоа. Вети затворање на границите за мигранти, а заложбата за деисламизација на Холандија најави дека ќе ја одложи.

Резултатот од Холандија е последниот во серијата избори што го менуваат европскиот политички пејзаж. Историската победа на Вилдерс доаѓа по една година од победата на десничарската „Браќа на Италија“ на италијанската премиерка Џорџа Мелони. Од Словачка и Шпанија, до Германија и Полска, популистите и крајната десница триумфираа во некои земји на ЕУ, а во други, пак, се во подем.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе