Вести Свет Топ вести

Одлуки да се носат од мнозинство членки со над 50 осто популација наместо едногласно како досега – Германија предлага радикална реформа на ЕУ

Нема проширување на Европската Унија без укинување на принципот на едногласност при носење на одлуките, сметаат авторите на извештајот кој беше усвоен денеска во Европскиот парламент. Пет претставници – по еден од либералите, „зелените“, социјалистите, левицата и народната партија (четворица Германци и Холанѓанец), како автори на извештајот, предлагаат измени на европските договори, меѓу другото за укинување на едногласноста при донесување на одлуките, зајакнување на законодавните овластувања на Европскиот парламент и воспоставување на енергетска и одбранбена унија. Документот беше усвоен со 291 глас „за“ и 274 „против“.

„Светот драматично се промен и од Лисабонскиот договор“, рече либералот Гај Верхофштад во дебата на пленарната седница во Стразбур, предупредувајќи дека ваква ЕУ не е подготвена на „бруталниот свет“, ниту за проширување.

„Реагираме премалку или предоцна, бидејќи сме парализирани со едногласно носење на одлуките“, изјави поранешнјиот белгиски премиер кој тврди дека правото на вето и уцени се „стандардна пракса во ЕУ“.

Европскиот совет одлучува едногласно, а Советот на ЕУ го користи тоа начело при носење на одлуки за низа чувствителни прашања, како надворешната и безбедносна политика, финансиите, делови од одредбата за правосудство и внатрешни работи, членството во ЕУ, итн.

Верхофштад и колегите предлагаат создавање на „засилено“ квалифицирано мнозинство со кое одлуки би носеле две третини од земјите членки кои претставуваат над 50 отсто од населението во Унијата. Со тоа, според него, „драматично би се подобрил“ статусот на „малите и средно големи членки“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе