Вести Свет

Утре настапува примирјето меѓи Хамас и Израел, размената меѓу затворениците и киднапираните ќе се одвива во сооднос 1:3

Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на 50 заложници кои Хамас ги држат во Газа за време на четиридневната пауза во борбите, која ќе започне утре во 10 часот по локално време. Ова е прва пауза на борбите од 7 октомври. Според договорот Хамас очекува од израелските затвори да бидат ослободени 150 палестински жени и тинејџери. И во втората фаза ќе се почитува овој сооднос 1:3, но дополнително ќе биде утврден прекинот на огнот.

Владата на Израел инсистира на тоа дека ова не е крајот на војната, повторувајќи ја својата посветеност да ја „заврши елиминацијата на Хамас“. Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман, кој помогна да се постигне примирјето, рече дека се надева дека ова примирје ќе го отвори патот за крај на војната.

Денеска Израелците се собраа на централниот плоштад во Тел Авив за да ја покажат својата поддршка за семејствата чии најблиски Хамас ги држи како заложници во Појасот Газа.

  • Мислам дека немаме избор. Мора да прифатиме кој и да дојде. Мислам на децата и на другите што се таму и срцето ми е растргнато. Друг избор нема. Оружјето е контра нашата вера.- Смадар Јешурун, поддржувач на семејствата на заложниците.
  • Се надевам дека ако помине, нема да ги вратиме терористите во замена за заложници и тоа ќе доведе до тоа сите заложници наскоро да се вратат дома- Сајрус Шварц, поддржувач на семејствата на заложниците.

Шефот за управување со кризи на Европската унија го поздрави договорот за ослободување на затворници и заложниците меѓу Израел и Хамас и рече дека прекинот на огнот мора да се искористи за да се испорача очајно потребната помош во Газа.

Портпаролот на израелската армија изјави дека воените сили се крајно внимателни за време на прекинот на огнот бидејќи Хамас ваквите ситуации може да ги искористи за нови киднапирања и убиства.

  • Нашата улога во ова е да одржиме оперативна пауза додека се спроведува договорот. Ние ќе бидеме на нашите позиции. Ќе стоиме цврсти и подготвени бидејќи знаеме дека Хамас има сомнително досие во однос на запирање на оганот во минатото. Тие ги користеа овие типови на паузи во минатото за да извршат повеќе убиства и киднапирања- Питер Лернер, портпарол на израелските одбранбени сили.

Израел почна да ја напаѓа Газа откако борците на Хамас ја преминаа границата на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа околу 240 други како заложници.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека повеќе од 14.000 луѓе – вклучително и повеќе од 5.000 деца – се убиени во нападите на Израел.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе