Вести Свет Топ вести

Нетанјаху: Враќањето на заложниците „света и врховна мисија“

По средбата со семејствата на Израелците кои ги милитантната група Хамас ги држи како заложници во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна својата посветеност за обезбедување на нивното ослободување, нарекувајќи го „света и врвна мисија”.

Нема да се откажеме додека не се вратат, а тоа е одговорност на мене и на воениот кабинет. Слушав за болката на семејствата. Разговаравме искрено. Споделив со нив колку што можев повеќе за дипломатските, разузнавачките и оперативни напори што ги спроведуваме дење и ноќе, рече премиерот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека за заложниците размислува „цело време“. „Нема да престанеме да се бориме додека не ги донесеме нашите заложници дома, додека не го уништиме Хамас и обезбедиме дека повеќе нема да има закана од Газа“, рече Нетанјаху.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе