Вести Свет Топ вести

Израелски министер предупредува дека договорот за ослободување на заложниците може да биде катастрофален за Израел

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир утрово објави изјава во која предупредува за евентуалниот договор за заложниците.

Многу сум загрижен затоа што се зборува за некаков договор … не ни откриваат детали и не ни ја кажуваат вистината. Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како договорот за со Шалит, се вели во изјавата.

Тој изрази загриженост дека „договорот што може да донесе катастрофа“, наведувајќи го „можното ослободување на палестинските затвореници“, како и дозвола за внес на гориво во Појасот, јави Тајмс оф Израел.

Во јуни 2006 година, милитантите на Хамас го киднапирале израелскиот војник Гилад Шалит. Тој бил заложник на Хамас до 18 октомври 2011 година, кога бил разменет за 1.027 палестински затвореници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе