Вести Свет Топ вести

Почина поранешната прва дама на САД, Розалин Картер

Поранешната прва дама на САД, Розалин Картер почина денеска на 97-годишна возраст. Таа беше најблиска советничка на Џими Картер за време на неговиот мандат како претседател на САД и хуманитарна работничка во текот на четири децении.

„Картер Центар“ соопшти дека Розалин Картер починала по неколкумесечно нарушенo здравје и долгo боледување од деменција во нејзиниот дом во јужна Џорџија.

Семејството Картер во мај оваа година соопшти дека поранешната прва дама има деменција, но продолжува да „живее среќно во куќата во Плејнс, Џорџија“.

Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21 година, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години. За разлика од многу претходни први дами, Розалин присуствуваше на состаноците на кабинетот, зборуваше за контроверзни прашања и го претставуваше нејзиниот сопруг на патувањата во странство. Џими Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе