Вести Свет Топ вести

Израел продолжува со жестоки напади во Газа, предвреме родените бебиња пристигнаа во Египет

Израелската војска во понеделникот објави снимки на кои се гледаат воени акции во Појасот Газа. Тврдат дека авионите продолжуваат да напаѓаат терористи и инфраструктура каде има оружје и воена опрема и дека се ликвидирани уште тројца команданти на Хамас. Израелските  војници патролираат на плажа, пукаат во урбаните области, а тенкови уништуваат згради. Израелската армија тврди дека има докази дека болницата Ал Шифа ја користел Хамас. Пронајде е тунел долг 55 метри на околу 10 метри под комплексот на болницата од 20 хектари, кој вклучува неколку згради, гаражи и плоштад.

Во исто време портпаролот на Хамас ги негира израелските тврдења за присуство на милитанти во болницата Ал Шифа.

Предвремено родените бебиња пристигнаа во Египет преку преминот Рафах, откако беа евакуирани од болница Ал Шифа во Појасот Газа. Екакуацијата и транспортот на сигурно беа извршени во координација со Светската здравствена организација, и ОН, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Четири бебиња почина два дена пред евакуацијата, повеќе од 250 пациенти со тешко инфицирани рани останаа во Шифа. Израелските сили со денови се борат со палестинските милитанти пред и околку болницата.

Во меѓувреме, Катар продолжува со напорите за ослободување на израелските заложници, вели остануваат само „многу мали“ пречки. Хамас ослободи четворица заложници, Израел спаси еден, а телата на двајца беа пронајдени во близина на Шифа.

Денеска преку преминот Рафа пристигнаа неопходните материјали за изградба на јорданската теренска болница за да се помогне во справувањето со здравствената криза.

Според палестинските здравствени власти, повеќе од 11.500 Палестинци се убиени во Газа. Други 2.700 се пријавени за исчезнати. Израел јави за околу 1.200 убиени за време на нападот на 7 октомври, кога Хамас однесе околу 240 заробеници назад во Газа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе