Вести Свет Топ вести

Хамас демантира дека е постигнат договор за размена на затвореници со Израел

Изат ал-Ришк, член на политичкото биро на Хамас, ги негира медиумските извештаи дека палестинското движење постигнало договор со Израел за размена на затвореници.

„Извештаите за договор за размена на затвореници се невистинити“, рече Изат ал-Ришк.

Израелските медиуми, исто така, ги демантираат извештаите за договор со Хамас за размена на затвореници.

„Сè уште нема договор“, објави „Ерусалим Пост“, цитирајќи високо израелско официјално лице.

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдурахман ал-Тани во неделата изјави дека договор за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас е „неизбежен“.

Се верува дека Хамас држи 239 Израелци во заложништво по прекуграничкиот напад на 7 октомври. Палестинската милитантна група наведе дека е подготвена да ги ослободи заробениците во замена за илјадници Палестинци во израелските затвори.

Од 7 октомври се убиени најмалку 13.000 Палестинци, меѓу кои над 9.000 жени и деца, а преку 30.000 се повредени во израелските воздушни и копнени напади. Бројот на загинати во Израел, според официјални податоци, е 1.200.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе