Вести Свет Топ вести

Почина Жарко Лаушевиќ

Семејството на Жарко Лаушевиќ соопшти дека познатиот актер починал на 63-годишна возраст.

„Ја информираме јавноста дека нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување“, соопшти неговото семејство.

За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана – изјави во име на семејството неговата ќерка Анита Лаушевиќ.

Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње.

Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, а бил член на Југословенскиот драмски театар. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во продукцијата „Прогон“.

Во своето богато уметничко творештво има голем број филмови и театарски дела и неколку книги.

Најтурбулентниот период му беше кога на 31 јули 1993 година Жарко и неговиот пет години постар брат Бранимир, познат како Мили, беа нападнати од група хулигани во близина на подгоричката кафеана „Епл“. Во таа прилика Жарко ги уби напаѓачите Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ, а тешко го рани Андрија Кажиќ, додека овој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Тој беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство. Таа пресуда беше потврдена во 1994 година по жалбите. Казната ја отслужил во Спуз и Пожаревац. По укинувањето на пресудата од страна на Сојузниот суд, по повторното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на 4 години затвор за двојно убиство над самоодбрана. Бидејќи во тој момент тој веќе одлежал 4,5 години, бил ослободен.

Набргу потоа ја напушти земјата и се населил во Њујорк, САД.

Врховниот суд на Црна Гора, по жалбата на обвинителството на 30 март 2001 година, ја преиначи одлуката за казната и изрече казна затвор од 13 години.

На 3 јули 2009 година беше објавено дека Лаушевиќ е уапсен во Соединетите Американски Држави поради престој во САД без виза и дека се разгледува неговата екстрадиција во Србија врз основа на меѓународна потерница издадена во 2002 година на барање на Трет општински суд во Белград.

На 14 септември 2009 година, судот во Њујорк донесе одлука за укинување на притворот на Лаушевиќ.

Во 2011 година ја објави книгата Една година мина, денот никогаш. Во септември 2013 година е објавена Втората книга.

На 29 декември 2011 година, тој беше помилуван од претседателот на Србија, Борис Тадиќ. На 1 февруари 2012 година, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ му врачи српски пасош во Њујорк.

Филмот „Лаус“ е снимен за неговиот живот по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ, чија премиера се одржа во февруари 2014 година во Сава Центар.

По неколку години, тој ги посети Србија и Црна Гора во мај 2014 година.

Во мај 2022 година ја објави книгата Татко, идиот!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе