Вести Свет

Уапсени 121 лице во акција против детска порнографија во Шпанија

Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија.

Како што јави агенцијата ЕФЕ, во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и одземени се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници.

При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди, се наведува во соопштението од националната полиција.

Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на кибер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.

Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал.

Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина, се додава во соопштението од полицијата.

Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки.

Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и биле распоредени на 10 хард дискови со голем капацитет.

Во еден од претресите извршени во Аликанте, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Излезноста на парламентарните избори е 46,93 отсто, до 17 часот гласале 470.950 лица

Дејан Дејан

Дали Даштевски буни со бројките, со 452.412 гласа објави процент над цензусот

Дејан Дејан

ДИК со пресек на излезноста за претседателските избори – до 17 часот гласале 452.412 лица или 42,32 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе