Вести Свет

Синоќешните победи на демократите во повеќе клучни сојузни држави му влеваат надеж за реизбор и на Бајден

Кандидатите на Демократската партија успеаа да освојат или да задржат гувернерски и сенаторски места во повеќе значајни сојузни држави во САД, како Њу Џерзи, Пенсилванија, Вирџинија и Кентаки, каде изминативе неколку месеци републиканците забележаа силен подем.

Сенаторот Енди Бешар, водеше успешна кампања во Кентаки, фокусирајќи се на абортусот, кој забрзано станува голема тема на национално ниво, и успеа да обезбеди реизбор во сојузната држава. Во текот на првиот мандат на Бешар Кентаки забележа рекорден економски раст, и покрај тоа што државата се соочи со повеќе катастрофи изминативе години како поплави, торнада и пандемијата со Ковид-19.

Во Вирџинија демократите се на пат да го задржат тенкото мнозинство во Сенатот на сојузната држава, како и да ја превземат контролата врз Домот на делегатите, што значи дека ќе продолжат со попречувањето на програмата на републиканскиот сенатор Глен Јангкин.

Републиканецот Јангкин, чија политичка ѕвезда во редовите на Републиканската партија е во подем, беше сметан како можен кандидат кој ќе ја извлече партијата од канџите на поранешниот претседател Доналд Трамп. Јангкин успеа да победи на изборите за гувернер на Кентаки во 2021 година без поддршката на Трамп, привлекувајќи поддршка од многу умерени и неопределени гласачи.

Трамп во моментов ужива значително поголема предност од останатите кандидати за номинацијата на Републиканската партија, и некои крила во партијата се надеваа дека токму Јангкин ќе биде личноста која ќе може политички да му се спротивстави на Трамп, но, овој тежок удар по вчерашните избори се заканува да стави крај на таквите амбиции на поумерените струи во партијата.

Овој одличен резултат на демократите на вчерашните избори влева надеж и кај изборниот штаб на Џо Бајден, чија кампања за резибор засега не оди според планот. Покрај тоа што барем за момент ќе го одвлече вниманието од претседателот Бајден, оваа победа на деморкатите им даде можност да ги отфрлат критиките кои им се упатуваат по последните анкети кои покажаа дека поддршката за моменталниот претседател заостанува зад таа на Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Гнеотино во Општина Новаци е едно од селата со поголема излезност, но и со повеќе штркови од гласачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе