Вести Свет Топ вести

50.000 Палестинци избегале од северниот дел на Газа поради жестоките борби

Додека продолжуваат жестоките борби помеѓу израелската армија и Хамас на северниот дел од Газа, областа денеска ја напуштиле 50.000 палестински цивили затоа што Хамас ја изгуби контролата врз и околу градот Газа, соопшти израелската армија. Евакуацијата беше овозможена преку безбеден коридор кој денеска беше отворен во текот на пет часа, а армијата додаде дека копнената офанзива отфрлајќи ги меѓународните повици за хуманитарен прекин на огнот.

Во моментов во оваа фаза водиме значителна копнена операција во северна газа, со центар на притисок врз градот Газа, врз упориштата на Хамас во регионот. На југот напаѓаме цели каде што знаеме дека има команданти, милитантни, владини капацитети. Внимаваме на безбедните зони каде што ги евакуираме цивилите, и можеме да ја надгледуваме хуманитарната помош која влегува преку граничниот премин Рафа, која вклучува вода, лекови и храна, изјави портпаролот на ИДФ адмиралот Даниел Хагари.

Обединетите нации денеска соопштија дека според податоците на нивните агенции на терен во Појасот Газа, од 21 октомври до денеска во појасот влегле 650 камиони со хуманитарна помош. Сепак, предупредуваат дека и покрај тоа во појасот има хроничен недостаток на сите есенцијални продукти.

Дневната количина на хуманитарна помош која влегува преку Египет, сепак, задоволува само мал дел од потребите на цивилната популација. Водата за пиење која се внесува е доволна за само 4 проценти од жителите на Газа, а се уште нема достава на очајно потребното гориво, изјави Стефан Дужарик, портпаролот на Генералниот секретар на ООН.

Повеќе од 1 милион Палестинци се внатрешно раселени откако Израел започна со бомбардирање на Појасот Газа по нападот на Хамас во кој беа убиени 1.400 цивили, а како заложници беа земени повеќе од 200 лица.

Според Хамас, во израелските воздушни напади до сега загинале над 10.500 палестински цивили во Газа, од кои дури 4.300 се деца.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе