Вести Македонија Топ вести

Во Општата болница Охрид, каде вчера почина дете, детското одделение поради недостигот на педијатри, работи само како амбуланта

Вонреден инспекциски надзор ќе иницира Министерството за здравство во охридската Болница за случајот во кој вчера утро почина 23 месечно дете. Од Здравство немаат информација дали е спроведена обдукција и кои се првичните сознанија за причините за смртта, затоа што извештаите, велат одат кај истражните органи, а не во здравствените установи.

Вчера полицијата соопшти дека детето е однесено во Болницата во Охрид во тешка здравствена состојба како резултата на претходни заболувања, без траги на насилство. Од Министерството за здравство пак тврдат дека Итната помош го донела детето во болницата без знаци на живот, а обидите на лекарите за реанимација биле безуспешни.

Овој трагичен настан се случува во време кога во Општата болница Охрид, Детското одделение поради недостиг на педијатри, работи само како амбуланта во две смени,  без можност за болничко лекување на најмладите пациенти. Од Здравство велат дека се обидуваат да го решата проблемот за екипирање на тим од педијатри.

Во моментот, покрај единствениот детски лекар во болница, извршен е трансфер на уште двајца педијатри од Здравствените домови во Прилеп и Охрид, ангажирани се и двајца специјалисти за консултации, а одобрен и трансфер на специјалисти од Струшката болница. Од Охридската болница има пет специјализанти по педијатрија, велат до Здравство.

  • „Во моментов се прават   напор за  работа на одделот за  време на викенди и празници  да работи до 21-22 часот. По комплетно екипирање ќе се отпочне со 24 часовна работа на одделот“, се наведува во соопштението од МЗ.

Детското одделение веќе две години работи само како амбуланта, а дневна терапија примаат околу дваесетина деца. Потешките случаи кои се за хоспитализации се упатуваат во болницата во Струга и соседните градови. Нема одговор дали 23 месечното дете било лекувано во Охридската болница, а не се знае ниту историјата на неговата болест.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе