Вести Македонија Топ вести

Увозот на странски работници само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна рака

Зголемената квота за увоз на странски работници од 5.000 на 7.000 работници годишно во земјава само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна рака во домашните компании смета Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Според него оваа бројка за наредната година најверојатно ќе биде веќе премала за компаниите.

Бизнис секторот е на став дека мора да се олесни и постапката за увоз на странски работници, по примерот на земјите кои не опкружуваат. Димитров смета дека дури е потребен нов Закон, бидејќи стариот е правен во време кога беше висока стапката на невработеност. Но, граѓанските активисти бараат одговори дали и претходната квота од 5.000 странски работници се пополнуваше и зошто токму сега се зголемува за 2.000.

Странски работници, со ниски квалификации  има на градилиштата и на патните делници во земјава, во текстилниот сектор во Прилеп, а во земјоделството во Свети Николе. Според вицепремиерот Битиќи во земјава има недостиг од 10.000 работници, а најмногу во градежништвото и угостителството.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе