Вести Македонија Топ вести

Усвоени измените на Изборниот законик, но нема договор за политичкото рекламирање- одлука ќе ја носи Владата, па Собранието

Работната група формирана од Министерството за правда ги усвои измените на Изборниот законик, но не се усогласи за политичкото рекламирање. Агенцијата за медиуми предложила да нема политичко рекламирање за разлика од Државниот завод за ревизија.

Измените се однесуваат и на финансирање на политичките партии и заштита на избирачко право, врз основа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Измените претходно беа испратени до сите политички партии, вклучително и до ВМРО-ДПМНЕ, која одби да учествува во изготвувањето.

Претседателот на работната група за реформи во изборното законодавство, Александар Новаковски за Телма информира дека за политичкото рекламирање одлука ќе треба да донесе Владата, па Собранието. Пред средбата тој порача дека сите засегнати биле повикани да учествуваат во изготвување на измените.

Оваа работна група имаше мандат само за препораките ан ОБСЕ/ОДИХР. Сите кои може да бидат имплементирани се имплементираа. Некои не може да се имплементираат. Не се компатибилни со нашиот изборен законик, рече Новаковски.

На прашање како ќе се донесат измените, бидејќи Изборниот законик се носи со консензус, заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ одговори дека опозицијата била повикана повеќе пати, а и било понудено и претседателското место во групата.

Нивното неприсуство не значи дека ние нема да бидеме некооперативни и дека на координаторот на пратеничката група нема да му го доставиме предлог законот. Нема да има нови работни групи. Тој ќе си се достави до парламентарните групи да го погледнат, изјави Мадиќ.

Новаковски смета дека ќе има доволно време за имплементација на измените. На истиот став е и Мадиќ.

Први по Устав се претседателските избори и доволно е време за да може да биде донесен пред распишување на изборите, затоа што не станува збор за некои големи и суштински измени за да не можат чинителите и учесници во изборите да го спроведат тоа, додаде Мадиќ .

На седницата иако беше најавен, не присуствуваше министерот за правда, Кренар Лога, кој порача дека за прв пат измените на Изборниот законик нема да се носат на неколку дена пред избори, туку 6 месеци пред нивното одржување.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе