Вести Свет Топ вести

Најмалку 50 загинати, Израелците го бомбардираа бегалскиот камп Џабалија во Газа, Израел тврди ликвидиран е еден од водачите не Хамас

Израелските трупи навлегоа во подземните тунели во северниот дел на Појасот Газа, а нападите од воздух го бомбардираа бегалскиот камп Џабалија во близина на градот Газа се стравува дека има десетици жртви. Министерството за здравство управувано од Хамас и директорот на болницата велат дека загинале најмалку 50 луѓе.

Портпаролот на вените сили на Израел, Даниел Хагари го потврди нападот и нагласи дека е е убиен високиот командант на Хамас Ибрахим Биари и неколку други членови на Хамас. Хагари рече дека Хамас продолжува да го користи цивилното население како штит на многу суров и брутален начин.

Кампот е во северниот дел на Газа – област од каде што Израел им порача на луѓето да си заминат заради нивна безбедност.  Израел соопшти дека погодил 300 цели во Газа во текот на ноќта додека неговите воздушни напади продолжуваат. Израелските копнени сили тврдат биле нападнати од „терористи“ со противтенковски проектили. Во исто време видео објавено од военото крило на Хамас покажува напади врз израелските позиции во пограничниот град Ерез – борците се излегуваат од тунел и пукаат со оружје кон градот. Но, веродостојноста на видеото не може да се потврди.

По успешното спасување на заробеник држен од Хамас, премиерот Бењамин Нетањаху ги отфрли повиците за прекин на огнот. Тој денеска го свика владиниот кабинет на кој соопшти дека економскиот раст на државата мора да се одржува, граѓаните да добиваат помош, а војската да ја добива потребната логистика за да војува.

  • Социјално-економскиот кабинет се собира за важна работа. Преземени се многу важни активности: распределба на средства, помош за граѓаните на Израел и економијата, a има уште многу да се направи. Првата цел, пред се e одржување на макроекономската рамка на Израел, за економијата да функционира и да не колабира. Втората цел е да им се овозможи на Израелските одбранбени сили и безбедносните сили да ја водат војната. Тоа чини многу пари и ние трошиме секој ден – Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.

Неколку стотици илјади Палестинци остануваат во северниот дел на Газа, каде што израелските војници и тенкови наводно напредувале на неколку страни кон градот Газа. Повеќе од половина од 2,3 милиони Палестинци на територијата ги напуштија своите домови, а стотици илјади се засолнети во преполни училишта под заштита на ОН, кои станаа засолништа или  болници за илјадниците ранети. Агенцијата на ОН за палестински бегалци, информираше дека речиси 672.000 Палестинци се засолнети во објекти, чии капацитети се четирикратно надминати. Додека се чека неопходната помош илјадници луѓе упаднаа во магацините викендот за да земат храна.

 Дебата во поделениот американскиот конгрес за помошта од уште една милијарда долари за Израел, ја прекинаа демонстрантите, кои ги осудија американските функционери за „геноцид“ над Палестинците во Газа.

  • Конфликтите во Украина и на Блискиот Исток имаат јасни врски, како што забележаа и претседавачот и потпретседателот. Откако ги прекинавме традиционалните средства на Русија за снабдување со војската, таа се повеќе и повеќе се обраќа кон Иран за помош. За возврат, Москва го снабдува Иран со сè понапредна воена технологија, што претставува закана за безбедноста на Израел- Антони Блинкен, државен секретар на САД.

Последната војна меѓу Израел и Хамас брзо стана најсмртоносната и најпогубната од петте војни што се водеа меѓу страните откако Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година од палестинските власти.

Повеќе од 1.400 луѓе во Израел беа убиени, од кои повеќето цивили беа убиени во првичното дивеење на Хамас на 7 октомври. А 240 заложници беа однесени од Израел во Газа. Бројот на палестинци загинати во војната меѓу Израел и Хамас достигна 8.525, според Министерството за здравство на Хамас во Газа. На окупираниот Западен Брег, убиени се повеќе од 122 Палестинци.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе