Вести Свет Топ вести

Француската полиција тешко рани жена која извикувала „Алаху акбар“

Француската полиција отвори оган и рани жена која упатувала закани на железничка станица во Париз. Според очевидци, жената извикувала „Алаху акбар“ и се заканувала дека ќе детонира бомба. Полицијата пукала затоа што жената не дозволувала да ја претресат.

Двајца полицајци заедно испукале осум истрели, при што жената е тешко повредена, соопшти обвинителството во Париз.

Жената е ранета во стомак и е во критична здравствена состојба. Полицијата не пронашла експлозивна направа. Обвинителството отвори истрага за случајот.

  • Тие наидоа на оваа жена облечена во целосен превез, која јасно даваше агресивни коментари со џихадистички призвук. Ја тргнале жената настрана и ја замолиле прво да се смири, но и да ги покаже рацете за да проверат дека не претставува некаква опасност. На крајот, полицијата мораше да отвори оган врз жената, бидејќи ја сметаше ситуацијата за опасна, рече пред новинарите Оливие Веран, портпарол на француската влада.

Без да го спомне името на жената, Оливие Веран рече дека таа имала претходни пресуди, вклучително и една за „закани кон воениот персонал на операцијата Сентинел“ (воени антитерористички патроли).

Ова е последниот безбедносен инцидент во Франција, каде е зголемена антитерористичка готовност по фаталното прободување со нож во училиште на 13 октомври, за кое е обвинет исламски екстремист.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе