Вести Свет

Околу 100.000 демонстранти на пропалестински марш во Лондон

Околу 100.000 луѓе се приклучија на денешните пропалестински протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели.

Извикувајќи „Слободна Палестина“, со транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, официјалната резиденција и канцеларија на британскиот премиер Риши Сунак.

Полицијата проценува дека 100.000 луѓе учествувале на демонстрациите „Национален марш за Палестина“, организиран од палестинската Кампања за солидарност.

Полицијата пред маршот предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас, терористичка организација забранета во Велика Британија, ќе се соочи со апсење, а каков било случај на злосторство од омраза нема да биде толериран.

Протестот мина мирно и нема извештаи за апсења.

Бројките објавени вчера покажаа зголемување од 1.353 отсто на антисемитските инциденти овој месец во споредба со истиот период минатата година, додека исламофобичните инциденти се зголемија за 140 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе