Вести Култура Топ вести

Можна ли е солидарноста денес во нашата заедница?

Во рамките на 18 издание на фестивалот за современа уметност АКТО, во киното во Железничка зграда во Скопје, беше отворена инсталацијата „Попаметен град 3.0- феникс или апокалипса“. Поставката ја прикажува кршливоста на човечките животи и на околината, во услови на катастрофи и го поставува прашањето за потребата од солидарност во нашата заедница, денес.

Пред шест децении на Скопје му се случи земјотрес, кој во услови на студена војна обедини држави од Западот, Истокот и од движењето на Неврзаните во неговата обнова. Сето тоа во име на солидарноста. А, дали таа солидарност е возможна денес и каква е улогата на заедницата во тоа, се прашања кои ги поставува инсталацијата „Попаметен град 3.0-феникс или апокалипса“, отворена во киното на Железничката зграда. Инсталацијата вклучува објекти потпрени на стаклени тегли, како симбол за кршливоста, фотоколажи од архитектурата во пост земјотресно Скопје, архивски филмови од тој период и монографии и други книги за земјотресот.

Како град на солидарноста она што ни се случи со „Скопје 2014“ е голема траума. И во тој некој расцеп се обидуваме да ја споиме заедницата. Бидејќи не можат да се изградат, не само подобар град, туку и подобри релации без комуникација, без вклучување на пошироката заедница . И затоа ни е битно да сме овде во киното, вели мултимедијалниот уметник и архитект, Филип Јовановски.

Покрај Јовановски, зад овој проект стојат Миодраг Куч – теоретичар на урбанизмот од Нови Сад и Борис Бакал,  хрватски режисер и мултимедијален уметник. Бакал, минатата година поставил слична изложба во Загреб, мотивран од отсуството на солидарност од тамошната власт по земјотресите во 2020 и 2021 година.

Скопје беше тука како некакво огледало на кое се покажа дека сѐ може и поинаку, нели? Зашто во многу земји тоа паѓа на локалната самоуправа. Во Хрватска тоа не беше случај на почетокот зашто Европа релативно добро одговори, вели мултимедијалниот уметник Борис Бакал.

Создаден како омаж на изложбата на Јозеф Бојс „Земјотрес во палатата“ од 1981 година, овој проект ја афирмира улогата и потребата на граѓаните да се вклучат во критичкото промислување и осмислување на обновата на заедницата при секаков вид природна катастрофа. „Попаметен град 3.0- фенкс или апокалипса“ е дел од проектот „Градот како сцена“. Инсталацијата ќе биде достапна за јавноста во текот на следниве 7 дена.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе