Вести Свет Топ вести

Бајден утре пристигнува во Израел во обид да се пречи проширување на конфликтот

Информацијата дека американскиот претседател Џо Бајден утре ќе пристигне во Израел, за лично од Нетанјаху да биде информиран за очекуваната израелска копнена офанзива, е потврда колку Американците сериозно го сфаќаат потенцијалот од проширување на овој конфликт. По Тел Авив, Бајден ќе допатува во Јордан, каде ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула, египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси и палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Во меѓувреме стотици камиони чекаат на египетската страна од преминот Рафа, кој сѐ уште не е отворен, и покај дипломатските напори на САД и Обединетите нации. Од палестинската страна на преминот пак илјадници Палестинци со странски пасоши нервозно го очекуваат неговото отварање.

  • „Од пресудна важност е цивилите кои страдаат во Газа, а кои се користат како човечки штит од страна на Хамас, да добијат хуманитарна помош. Вода, храна и лекови. И покрај нашата ужаснатост од нечовечкото насилство и неговите извршители од Хамас, важно е да се направи разлика. Палестинците не се Хамас, и Хамас нема право да зборува во нивно име“ – Олаф Шолц – Канцелар на Германија.

Според неофицијални извори сѐ уште се дебатира како да биде доставена хуманитарната помош до Палестинците, на кои им е неопходна, без таа да падне во рацете на Хамас. Египет се чини подготвен во секој момент да го отвори преминот, но во исто време стравува од голем наплив на бегалци од Појасот Газа. Истата загриженост постои и на јорданската страна.

  • „Без бегалци во Јордан, без бегалци во Египет. Ова е ситуација со хуманитарна димензија која треба да биде разрешена внатре во Газа и Западниот Брег, а не да се обидуваат и да натоварат палестинскиот предизик и нивната иднина врз грбот на некој друг“ – Абдула Втори – Крал на Јордан.

Израел продолжува да бомбардира цели во Газа, а утрото повторно се случил и нов судир на северната граница со Либан. Четворица „терористи“, како што израелската армија во соопштението ги нарече припадниците на Хезболах, биле застрелани додека се обидувале да постават екплозив на граничниот ѕид.

Израелската армија исто така го повтори повикот до Палестинците да се евакуираат од северните делови на Појасот Газа. Според нив, 600.000 Палестинци веќе заминале на југ, но стотици илјади сѐ уште остануваат.

Загриженоста од проширување на овој судир дополнително ја зголеми и Иран, кој предупреди дека ќе превземе превентивни дејства ако Израел продолжи со бомбардирањето на Газа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе