Вести Свет

Почина поранешниот претседател на Финска и нобеловец, Марти Ахтисари

Поранешниот претседател на Финска и добитник на Нобеловата награда за мир, Марти Ахтисари почина во 86 година од животот. Ахтисари учествуваше во решавање на војната на Косово и во конфликтите во Северна Ирска и во Индонезија.

Ахтисари е роден во 1937 година во Виипури кој денеска е дел од Русија, а неговото семејство беше принудено да се исели по инвазијата на советските сили. Глобално беше познат како мировен посредник, во Финска беше политички аутсајдер.

Но, токму тоа што не беше политички вмрежен во неговата земја, му помогна да победи на првите директни претседателски избори во Финска во 1994 година, како дел од опозициските социјалдемократи. Како претседател беше „за“ членство на Финска во Европската Унија и ги поттикнуваше гласачите да го поддржат референдумот за пристапување во 1994 година кој мина со 57 отсто поддршка.

Ахтисари одбиваше да прифати дека конфликтите и војните се неизбежни. Беше познат по својата подготвеност да разговара со сите страни и способноста за трпеливо чекање на вистинскиот момент за компромис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе