Вести Свет Топ вести

Египетскиот шеф на дипломатијата: Израел не дозволи отворање на преминот Рафа

Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри рече дека израелската влада засега не дозволува отворање на граничниот премин Рафа, единствениот од Газа кон Египет.

„Израелската влада сè уште не зазела став за отворање на граничниот премин меѓу Египет и Газа. Египет сакаше од почеток на војната да го држи оперативен преминот Рафа“, истакна Шукри.

Тој ја оцени како опасна ситуацијата со која се соочува палестинскиот народ, пренесува „Ројтерс“.

Британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Египет, претходно објави дека Израел, во соработка со САД и Египет се согласил на прекин на огнот на југот на Газа на неколку часа, со цел да може да се достави хуманитарна помош и да извлечат странците од Појасот. Меѓутоа, Израел нешто подоцна ја демантираше таквата вест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе