Вести Свет

УНРВА: За една недела од војната во Газа раселени милион лица

Околу еден милион лица се раселени во Појасот Газа поради војната што избувна по крвавиот напад на израелска територија на 7 септември, соопшти денеска Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Директорката за комуникации во оваа агенција на ОН, Џулиет Тума, процени дека околу „еден милион лица се раселени во првите седум дена од војната“ меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Газа.

Таа кажа дека оваа бројка веројатно ќе се зголеми, бидејќи луѓето продолжуваат да ги напуштаат своите домови.

Израел ги повика жителите на северот на опколената палестинска територија, околу 1,1 милион од вкупното население од 2,4 милиони, да се префрлат на југ од енклавата, наведувајќи дека ќе извршува напади врз северниот дел на градот Газа за да ги уништи оперативните центри на Хамас.

Во досегашните израелски напади врз Газа се убиени повеќе од 2.450 лица, наведуваат локалните власти.

На израелска страна, пак, денешните податоци говорат за 1.300 убиени во нападите на командосите на Хамас, при што, според израелските власти, има и 126 киднапирани лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Гнеотино во Општина Новаци е едно од селата со поголема излезност, но, овде има повеќе штркови од гласачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе