Вести Свет Топ вести

Истече рокот за евакуацијата на палестинците кон југ продолжен до 16 часот. Тенковите на границата чекаат наредба за напад.

Тргнувајте на југ, тече нов рок од 6 часа до доцна попладне. Ова е последната порака на изралеските власти откако го прекина бомбардирањето и истури летоци во населените места долж граничиот појас со населбата Газа.

„Израелската армија го информира населението во северна Газа дека има рок до 16:00 часот по локално време да се пресели на југ од енклавата преку конкретни патишта за кои уверуваме, нема да бидат бомбардирани во тој период,“ се наведува во пораката испратена до населението во појасот Газа.

Оваа порака доаѓа неколку часа по 24-часовниот рок што Израел вчера во раните утрински часови им го даде на 1,1 милион жители на северниот дел на појасот, подготвувајќи ги копнените напади  врз палестинската енклава. Полковникот, Џонатан Конрикус, во детален извешетај рече дека војската ќе преземе големи напори за да избегне да им наштети на цивилите и дека на жителите ќе им биде дозволено да се вратат кога ќе заврши војната. Додека се подготвува јавноста за офанзива, траат и подготовките на армијата која од совите војници бара жестоко да се соочат со неприајтелот.

„Ние сме распоредени и силно подготвени за следните фази од војната. Ги подготвуваме силите, ги направивме плановите, подготвени сме за напад во сите правци, на југ, север и централно“, рече Даниел Хагари, Портпарол на Израелска армија

Палестинските цивили во Газа не се наши непријатели. Ние не ги оценуваме како такви и не ги таргетираме како такви, рече полковник Конрикус, но додаде  дека Хамас се тие кои ги спречуваат да се евакуираат. Армијата од утрово концентрира тешка артилерија и тенкови кон појасот Газа, додека сојузничкиот Хазболах од југот на Либан напаѓа во неколку наврати.

„Борците на Хезболах истрелаа противтенковска ракета кон израелските војници. Имаше кратка битка и ситуацијата на крајот се смири. Потоа, Хезболах испрати беспилотни летала во Израел и исто така истрела ракети земја-воздух против израелски авион. Сите тие два обиди беа успешно пресретнати од воздухоплоството, но ситуацијата на северната граница останува многу тензична и ние многу внимателно ги следимеактивностите на Хезболах со дополнителни зајакнати капацитети на север, подготвени за секој евентуален инцидент,“ информира  Џонтан Конрикусж, Полковник

Додека се засилуваат воените дејствија, расте напантноста од копнен судир, палестинките граѓани нога пред нога пеш се уптауваат кон југот на енклавата. Без, храна, вода и основни намирници се повлекуваат од своите огништа.

„Бевме раселени од областа Фраис Сук вчера, откако добивме летоци во кои се бара да се движиме од границата со Газа (северна Газа) на југ, по долината. Во куќата живеевме сто и педесет луѓе. Излеговме од дома, без храна, без вода и без облека. Заминавме без да земеме ништо со нас. Отидовме во училиштето UNRWA во Нусејрат. Се разбира, животот овде е лош.Нема основи работи за живот. Откако дојдовме во овој двор, нашето семејство сè уште нема храна, нема вода и други работи,“ вели бегалецот од Палестина

По воените случувања регионот се вжештува и политички. Дел од меѓуанродната заедница бара мирно решавање на кризата, од утрово се испраќаат и пораки со поддршка за палелстинките воени групи. Иранскиот министер за надворешни работи остро порача дека ќе има одговр од ИРан, ако ИЗраел повлече нов воен потег во појасот Гaза.

„Ако меѓународната заедница, Обединетите нации и актерите во светот и регионот кои ги поддржуваат војните на ционистичкиот ентитет не сакаат да запрат со воените активности, тие ќе добијат соодветен одговор на местата каде што е соодветно да се помогне на отпорот,“ рече иранскиот министер за надворешни работи.

Тековниот конфликт меѓу Израел и Хамас однесе повеќе од 3.000 животи на двете страни во текот на неделата откако Хамас започна невиден ненадеен напад на 7 октомври. Израел, ги погребува своите загинати, а во Пелстина се прават напри за дополнителни болнички кревети и лекарска помош по неколудневното бомбарадирање на појсот. Болниците се преполни со повредени кои умираат на подот. На повеќе од милион луѓе во северниот дел на Газа им е наредено да се евакуираат на југ. Хамас, во меѓувреме, ги повика жителите да останат на место. Меѓународните хуманитарни групи предупредија на влошување на хуманитарната криза откако Израел го спречи влезот на резерви од Египет за 2,3 милиони жители на Газа. Во меѓувреме, СЗО соопштија дека во Египет веќе е пристигнат нивниот авион со храна, лекови и вода за жителите на Газа, но се уште нема отворен и безбеден премин оваа очајно потребна хуманитарна помош да стигне до засегнатите. Авионот се наоѓа на 45 километри од преминот Рафа, од каде засега можат да се евакуираат само американските државјани и никој друг. Египет не го отвора се уште преминот за другите цивили.

 

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе