Борба против Лажни вести

Преку медиумска писменост и проверка на фактите до решение на проблемот со лажните вести

Ситуацијата со ширењето на дезинформациите и лажните вести во земјите на Балканот е полоша во однос на другите земји во светот, оценува Амела Делиќ Ашчиќ, доцент на одделот на новинарство на Филозофски факултет, Универзитет во Тузла, БИХ.

Во разговор за Телма, таа потенцира дека главен излез од ваквата ситуација е медиумската писменост, како и поголема ангажираност од страна на професионалните новинари.

  • „Лажните вести и дезинформациите се проблем во новинарството отприлика од времето кога тоа постои но, проблемот сега зазема повисоки размери поради засилување на десничарските партии во Европа и кај нас, поразни разни фактори или теории на заговор кои се појавуваат. Генерално на Западниот Балкан ситуацијата е полоша од остатокот на светот со оглед на нивото на медиумската писменост на публиката, бидејќи процесот зависи како од публиката така и од медиумите, но и од самите политичари, од новинарите, од оние кои ги произведуваат вестите. Нашата публика е пречувствителна на таквите содржини затоа што публиката медиумски не е освестена. Општетсвата се прилично поделени се уште владее страв од некои идни војни, лоши сеќавања на минатите војни. Тоа се некои од причините зошто луѓето пред се посегнуваат на тие теории на заговор, кои на поедноставен начин им го објаснуваат светот во којшто живееме и полесно им е да ги прифаќаат оние кои нема доволно образование или не не сакаат повеќе когнитивно да се ангажираат“, објаснува Делиќ Ашчиќ.

 Децата да научат да примаат информации со кои не се согласуваат

Решението на проблемот во длабоко поделените општества мора да се одвива на повеќе нивоа од воведување медиумска писменост во образованието, па се до проверка на фактите, смета професорката на Универзитетот во Тузла.

  • „Што се однесува до решението на проблемот околу лажните вести мора да се одвива на повеќе нивоа. Најпрво да се започне од образованието од основно па понатаму, потребно е да се воведе медиумска писменост. Децата веќе знаат дека ние живееме во светот на медиумите, општеството е целосно ‘медиуматизирано’ па, потребно е на младите да им овозможиме критички да ги набљудуваат, да разликуваат што е добро што не е добро. Да научат да примаат информации со кои не се согласуваат. Тоа е една работа, потоа проверката на фактите на неточните информации исто така може да помогне со тоа што сум уверена, а што го покажуваат и истражувањата дека се подобри превентивните мерки, односно медиумската писменост“, вели за Телма, Амела Делиќ Ашчиќ.

 Ефектот од проверката на факти е многу корисен

Професионалните новинари мора да се занимаваат со проверка и аргументација, предлага Делиќ Ашчиќ.

Според неа проверката на факти исто така има позитивни последици, бидејќи, еве да речеме, во средини каде што им е кажано на политиларите дека нивните изјави ќе бидат проверени и верифицирани, тие воделе сметка што зборуваат, така што ефектот на проверка не е бесмислен, туку напротив е многу корисно.

„Професионалните новинари мораат малку повеќе да се занимаат со анализа затоа што гледаме дека генератор на вести може да биде кој било денеска, како граѓаните и т.н. новинари, но добра проверка и аргументација може да направи само добар новинар“, вели Амела Делиќ Ашчиќ, доцент на одделот на новинарство на Филозофски факултет, Универзитет во Тузла, БИХ.

Дезинформациите и геополитичките промени на Западниот Балкан

Програмата ПрогВеб, односно прогресивна политика на Западниот Балкан е голема регионална програма која ги обединува младите политичари и политичарки, како и активистите од невладиниот сектор од прогресивните и либералните политички партии и НВО.

  • „Преку оваа регионална програма, која трае цела година, сакаме да им ги зајакнеме капацитетите и да ја засилиме соработката меѓу тие сили на Западниот Балкан, бидејќи контактите меѓу тие партии се ограничени. Младите политичари и политичарки имаат можност да се дружат со експерти, кои преку различни теми, како рамноправност меѓу половите во процесот на носењето на одлуките, дезинформациите, геополитичките промени на Западниот Балкан, тие всушност учат што е заедничко меѓу социјалдемократските партии и либералните партии и како да се зајакнат врските меѓу партиите во шест земји на Западен Балкан“, објаснува Ален Гудало, проект координатор на Фондацијата Борис Дивковиќ од Сараево.

Младите од БИХ, Косово, С. Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија добиваат финансиски средства за да ги реализираат своите проекти и да креираат иницијативи и политики, кои всушност се однесуваат на оние кои ги носат одлуките. Оваа година темата е заштита на животната средина.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на пропагандата од груевизмот, опозицијата најави тужба за клевета за лажни вести со фалц документи презентирани од владеачката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе