Вести Македонија Топ вести

Без полетувања и слетувања – утре шест часа ќе мируваат авионите во Скопје и во Охрид, контролорите на летање стапуваат во штрајк

Утре, на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување и слетување на авиони, а нема да има и контрола на летовите. Синдикатот на контролори на летање останува на претходно донесената одлука за реализација на штрајкот од 11 до 17 часот поради партиските вработувања, внатрешните прераспоредувања на вработени, несоодветните услови за работа и опрема. Велат дека дезинформацијата за наводна постигна спогодба поради која се става штрајкот во мирување ќе ги доведат во забуна патниците и авиокомпаниите, а ќе предизвика и непотребен хаос при планирањето на летовите.

„Претседателот на УО на М-НАВ ги пласираше овие дезинформации и мислеше најверојатно дека ќе изврши притисок врз нас. Ние на состаноците кажавме дека додека не добиеме нешто конкретно што ќе се потпише и раководните структури ќе обврзат тоа што го зборуваат дека ќе го исполнат, ние не може да се потпираме на празни муабети“, вели Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Контролорите на летање укажуваат дека во моментот и во УО на М-НАВ владее разединување. Новите двајца директори поставени пред неколку месеци што го затекнаа хаосот, гледаат како претседател на УО, Фахрудин Хамиди, продолжува по стариот пат генерира нови проблеми и ги испорачува ветените партиски вработувања. Според договорот на синдикатот со менаџментот, требаше најпрво да се направи студија за тоа какви кадри се потребни во М-НАВ и дотогаш да се вработуваат само инженери, контролори и техничари.

„Имаме поддршка од страна на двајцата нови директори кои ја затекнаа ситуацијата вака хаотична и покажуваат волја се ова да се промени, но единствениот директор од старата гарнитура продолжува со старите нависки и прави проблеми“, додава Тасевски.

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе