Вести Свет

Постојат јасни докази за воени злосторства и на Израелците и на Палестинците – извештај на комисија на ОН

Комисијата на Обединетите нации, која ја следи војната меѓу Израел и Хамас, соопшти дека веќе постојат „јасни докази“ за воени злосторства на двете страни за време на борбите што почнаа во саботата, вклучувајќи и убивање на цивили.

„Сите кои го прекршија меѓународното хуманитарно право или гаѓаа цивили, мора да одговараат“, се наведува во соопштението на истражната комисија што ја формира Советото за човекови права во 2021 година.

„Извештаите дека вооружени групи од Газа убиле невооружени цивили се неприфатливи и не можат да се толерираат. Земање на цивили за заложници и користење на животи на цивили како жив штит се воени злосторства“, се додава во соопштението.

Комисијата изрази загриженост и за најновите израелски напади врз Газа и израелските најави за целосна опсада на енклавата која вклучува прекин во снабдувањето со вода, храна, струја и гориво што несомнено ќе чини бројни цивилни жртви и претставува колективно казнување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе