Вести Свет Топ вести

Израелската војска пронајде 1.500 тела на екстремисти на Хамас

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт денеска изјави дека на израелска територија биле пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамс, откако армијата ја врати контролата над поголемиот дел од југот на земјата.

Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од синоќа ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако нивно уфрлување сè уште е можно.

Синоќешните израелски воздушни контранапади беа насочени кон населбата Римал во Газа Сити, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради.

Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без да открие други детали.

Тој навести дека Палестинците можат да одат во Египет преку граничниот премин Рафа, но не објасни каде би оделе и како, бидејќи преминот повремено е затворен.

Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет, откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

Израел вчера објави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување, струја, ниту испорака на храна и гориво за областа во која живеат 2,3 милиони жители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе