Токсичен пестицидот е откриен кај црвени пиперки во Хрватска, кои биле увезени од Македонија, јавуваат хрватските медиуми.
Станува збор за пестицидот „форметанат“, којшто како ефикасен инсектицид се користи во производството на овошје и зеленчук.
Но, пестицидот e забранет во Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
„Форметанат“ е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен е ако се вдише, а има ниска акутна токсичност ако дојде во контакт со кожата.