Вести Култура

„Иднината како проект: Доксиадис во Скопје“ – изложба по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Во Музејот на современа уметност се одржува изложба посветена на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, со наслов „Иднината како проект: Доксиадис во Скопје“. Организатор е грчката амбасада во Македонија, со амбасадорката Софиа Филипиду, и е финансирана од годишната програма за 2023 г. на Министерството за култура во програмата за визуелни уметности, архитектура и дизајн.

Музејот на современата уметност Скопје и Градскиот архив ја поддржаа изложбата, а автори на истражувањето/куратори се: Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу и Костас Циамбаос.

фото галерија

По земјотресот во 1963 година, кој урна 80% од градот Скопје, придонесот на Константинос Доксиадис во редизајнот на градот сè уште е во голема мера непознат.

Во последниве години, и Доксиадис и модернистичкото наследство на Скопје почнаа да уживаат во зголемениот интерес на архитектонската заедница и на Балканот и во странство.

Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година, изложбата „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксијадис.

Доксијадис беше еден од многуте меѓународни експерти поканети од страна на Обединетите нации, кои го водеа процесот за обнова на Скопје. Покрај силната професионална посветеност на Доксијадис, архивите ја откриваат и неговата длабока емпатија за настраданиот град. Неговата лична работа и работата на неговата компанија, нивните извештаи, деталните истражувања на подрачјата погодени од земјотресот, студиите за домување, дијаграмите, зборовите и размислувањата., сето тоа значајно и подеднакво придонело во изработката на Основниот план за обнова на Скопје.

Станувајќи стратешка алатка за трансформација на градот во космополитска метропола, Основниот план го отвора патот кон градежниот бум што ќе следи во Скопје кон крајот на 60-тите и 70-тите години, претворајќи го „градот на меѓународната солидарност“ во една од престолнините на доцно-модерната архитектура и планирање. Инспирирани од духот на времето, наративот за новиот почеток и еуфоријата на обновата, меѓународните и домашните архитекти и планери заеднички проектираат нови радикални градски пејзажи. Иако во последната деценија е предмет на превреднување, овој, по многу нешта единствен период од турбулентната историја на Скопје сè уште се бори за соодветно признание, подложен на драматични и деструктивни промени.

Пет години откако за првпат беше претставена во музејот Бенаки во Атина преку обемна изложба, конференција и книга, „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ пристигнува во Скопје. Концептуално збогатена со уметнички дела од вредната колекција на Музејот на современата уметност во Скопје, подарени од грчки уметници, се надеваме дека не само што ќе помогне да се врати сеќавањето на достигнувањата од процесот на обновата на Скопје, туку и ќе придонесе за заживување на потенцијалот на архитектурата и нејзината општествена одговорност.

Изложбата ќе биде отворена за посета до 20 јануари, 2024 година во Музејот на современа уметност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе