Вести Македонија Топ вести

Нови протести, стари барања, средби без договор – пензионерите обединети пред Владата

Договор нема,но има рок од една недела за исполнување на барањата или нови закани за протести. Револтирани од исходот на средбата пензионерите и порачаа на министерката за Труд и социјална политика Јована Тренчевска, да им ги покачи пензиите за 3500 денари и да ги вклучи во работната група.

„Самата кажа дека за седум дена таа работна група ќе излезат со информација што е преземено. Ако не се преземени работите, ние како координативно тело ќе се договориме за следни чекори“, вели Драган Угриновски координатор на републичкиот и иницијативен одбор.

„Ќе почекаме уште седум дена, ќе видиме ако не порадикално ќе дејствуваме“, вели Митко Митев пензионер.

Од труд и социјала велат дека преку системски решенија им овозможувааат достоинствен живот на пензионерите.

Работната група работи на креирање на краткорочни и на долгорочни мерки за пензионерите. Повторно како и претходната година ќе бидат креирани антикризни-социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на законот за пензиско осигурување со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

На меѓународниот ден на пензионерите, највозрасните излегоа на протест пред Владата. Со пораки и скандирање оставки побараа од надлежните линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари и минимална пензија од 18.000 денари.

„Не се искача со 18.000 денари, што ќе искочиме? Не може лекови да земеме само, а камо ли друго “, вели граѓанин.

„Земам 12.000 денари пензија, само за лекови не ми стигаат“, вели граѓанка.

„Пензија мала, како да не протестираме 15.000 денари. Имам дете во Шведска, тоа ми пушта некој денар ако не е оно лепче нема“, вели граѓанин.

Додека пензионерите протестираа, министерството за труд и социјала формираше работна група со претставници од Владата, сојузот на пензионери и фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а со цел решавање на проблемите на пензионерите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе