Вести Македонија Свет

Расте бројот на ковид позитивни – аларм од матичните лекари

Висока температура, малаксаност и силни главоболки се најчестите симптоми кај пациентите кои се ковид позитивни и чиј број секојдневно се зголемува. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Кавадарци е град со највисока ковид инциденца во Македонија. Триесет и пет од новозаболените во градот во август се реинфекции. Најголем број од новите случаи се луѓе над 60 години.

За матичните лекари е загрижувачки што поголемиот број, речиси, и да не се тестираат, па така и не може со сигурност да се каже која е точната бројка. И во Скопје има голем број на пациенти позитивни на ковид, тестирани со брзи тестови, велат матичните лекари.

„Од минатата недела, од 6 септември започна постепено зголемување на бројот на Ковид позитивни, но оваа недела имаме голем број на ковид позитивни инфекции и останати респираторни инфекции и амбулантите се преплавени со пациенти со таква симптоматологија“, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.

За каква симптоматологија станува збор? – Кои се првите симптоми?

„Почнува со една висока температура – 39 и 39,5. Имаме болки во коските, во мускулите, изразено силни главоболки. Немаат некоја голема болка во грлото, туку од она што го гледаме пациентите се жалат на сувост во самото грло. Кај некои кашлица со искашлок, кај некои само обична сува кашлица, една општа слабост, малаксаност и замор кој се појавува кај речиси сите пациенти“, додава Ѓорѓиевски. 

Многу ретко пациентите се одлучуваат за ПЦР тест во пунктовите на Центарот за  јавно здравје. Сепак, матичните лекари со апел и до аптеките да се зголеми бројот на брзи тестови за да биде јасно во кои случаи станува збор за ковид, во кои случаи, пак, за друга респираторна инфекција.

„Кај мене лично во ординација се изолираа и два случаја на инфлуенца А и инфлуенца Б. Тоа се пациенти со грип, значи класична симптоматологија на грип, која буквално се поклопи со симптомите на ковид“, појаснува Ѓорѓиевски.

Според податоците на ИЈЗ, во месец август во Македонија се пријавени вкупно 112 случаи на ковид- 19. Во однос на претходниот месец, јули 2023 година, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од ковид-19 за 4,6 пати. Во Македонија сè уште не е регистриран новиот сој на ковид-19, познат како Пирола или БА 2.86, кој во регионот сè повеќе се шири.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе