Вести Македонија Топ вести

Спречен обид илегално да се внесат раствори за инјекции – биле означени како вода за пиење

Косовски државјанин спречен во обид илегално да внесе раствори за инјекции во државава. Патувал во автобус со турски регистарски ознаки на релација Истанбул – Пеќ, а пакетот го криел под седиште.

Царинските службеници од граничниот премин Деве Баур, кои го откриле пакетот во кој имало 329 парчиња, забележале дека на него има ознака од производител на вода за пиење.

Станува збор за медицински раствор за инјекции од германскиот производител Бајер „Gadovist 1.0“ од 15 милилитри кој исто така се користи и при дијагностика на бенигни и малигни заболувања.

-На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот  производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе