Вести Македонија Топ вести

Продолжува германската дипломатска офанзива, денеска во земјава доаѓа Михаил Рот

По специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, денеска во Скопје ќе престојува и претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундетагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот, како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.

Рот ќе учествува на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ на кој се поканети парламентарци и претставници на стручните служби на парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент. Предвидени се и средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на Владата и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Сарацин пак на вчерашните средби во земјава уште еднаш нагласи дека не треба да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе