Вести Свет Топ вести

Преживеаните во земјотресот во Мароко повикуваат помош – државата не дозволува влез на меѓународните хуманитарци

Бројот на жртвите од големиот земјотрес што го погоди Мароко постојано расте, а според последните податоци тој сега се искачи на 2.862 загинати лица.

Најголеми загуби на човечки животи се забележани во десетици оддалечени села како Тафегагте, каде што се верува дека повеќе од половина од жителите загинале во катастрофата. Додека поголемиот дел од заедницата беше срамнет со земја, преживеаните ги расчистуваат урнатините, ги извлекуваат мртвите, а преживеаните се евакуирани подалеку од објектите кои се под опасност од уривање.

Додека државата одби најголем дел од меѓународната помош, преживеаните во земјотресот велат дека им е потребна помошта од сите, затоа што спасувачките екипи кои се на располагање не можат да стигнат навреме за да се извлечат телата од под урнатините. Велат дека кога ќе слушнат глас за помош, копаат со голи раце за да го извлечат затрупаниот, но често се случува да не успеат.

Мароко ја одби помошта од САД, Тунис, Франција, Турција, Тајван и многу други.  Под изговор дека не сакаат да ја комплицираат ситуацијата со тоа што би настанал хаос во организацијата за спасување, Мароко ја прифати помошта само од Велика Британија, Шпанија, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Аналитичарите велат дека сепак властите “го заглавија“ прашањето за прифаќање помош во суверенитетот и геополитиката.

Француските спасувачи се на готовс, но од хуманитарната организација Секуристи без граници соопштија дека не добиле зелено светло од мароканската влада. Имено, Мароко се уште се лути на Франција, и односите се затегнати откако францускиот претседател Макрон направи потези за зближување со Алжир, кој пак пред две години ги прекина дипломатските врски со својот сосед Мароко.

Сепак, Франција вели дека не биле одбиени од мароканските власти, туку само дека е таква одлуката на официјален Маракеш.

Мароко вели дека сака да ја задржи контролата и не сака да ризикува потенцијално хаотична ситуација со десетици земји и организации кои доаѓаат да помогнат.

„Недостигот на координација во такви случаи би бил контрапродуктивен“, рекоа тамошните власти.

Но, владиниот критичар и активист Маати Мунџиб рече дека тоа е погрешен одговор кога е очајно потребна помош, особено во пооддалечените области.

„Мислам дека навистина е грешка да се инсистира на суверенитет и национална гордост. Ова не е моментот да се одбие бидејќи помошта е од суштинско значење, дури и развиените земји прифаќаат помош однадвор во катастрофи“, рече тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Дејан Дејан

ЈСП денеска сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе