Вести Македонија Топ вести

Втор протест за скандалот Онкологија – тобра полна со „крвави пари“ остана на тротоарот пред Владата

Одговорност од инволвираните и надлежните, правда за жртвите, ефективни затворски казни и информации за текот на истрагата од Обвинителството. Ова се клучните барања кои беа испоарачани на денешниот протест пред Владата, втор по ред, организиран од неформалното здружение на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „ Протест против убиството на онкологија“.

Стотици граѓани, но и активисти од една политичка партија, дојдоа да го изразат својот револт од скандалот на Клиниката за Онкологија, и манипулациите со терапијата на теко болните пациенти и порачаа дека во овој случај вината не смее да биде како во случајот со модуларната болница во Тетово.

Со црвена боја на булеварот пред Владата беше напиушан зборот одговорност, а на тротоарот беше оставена торба со „крвави пари“.

Пред пресутните се обрати и Даријан Петров, чија мајка во 2020 година ја загубила битката со канцерот. Тој порача дека треба болката да се трансформира во борба за подобро утре, подобар систем и здрави вредности.

Учесниците на денешниот протест потоа се упатија пред зградата на Јавното Обвинителство, фрлаа со јајца по фасадата и испишаа порака во која бараат правда.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе